Германската фудбалска репрезентација го забележи петиот триумф по шест кола во групата Ц од квалификациите за ЕУРО 2020.

Естонија и покрај тоа што играше со фудбалер повеќе по исклучувањето на Емре Чан во 14 минута не успеа да и парира на гостинската селекција.

Икај Гундоган постигна два гола а Вернер еден за конечна победа од 3:0.

Во следното коло Гермнија ќе игра на домашен терен против Белорусија а Естонија ќе и гостува на Холандија која денеска славеше победа над Белорусија од 2:1.