Јоеким Лев нема да биде среќен по изданието на неговите фудбалери на гостувањето кај Украина и покрај победата од 2:1 во 3 коло од Лигата на нации.

Германија поведе со голот на Гинтер во 20 минута, во второто полувреме Горецка го искористи страшниот кикс на Бушчан кој одигра невероајтен натпревар.

Овој гол се покажа како пресуден откако во продолжението од средбата Украина преку Малиновски од пенал намали на 2:1.

На вториот натпревар од од Лига А, Шпанија прослави минимална победа над Швајцарија од 1:0, единствениот гол на мечот го постигна Ојарзабал во 14 минута.