Фудбалската репрезентација на Германија е првиот финалист на Европското првенство за фудбалери до 21 година, кое се игра во Италија.

Во Болоња, младите „панцири“ победија против Романија со 4-2. Херој на мечот повторно беше Валдшмит, кој повторно постигна два гола на својата селекција.

Романците подобро го отворија мечот, но Германија прва поведе, откако резултатот го отвори Амири во 21. минута. Пушкаш со два брзи гола направи компетен пресврт и водство ѕа оваа селекција.

Во вториот дел на сцена стапи фантастичниот Валдшмит, откако во 54. минута израмни на 2-2, додека во 90. минута погоди за 3-2. Пресвртот на актуелниот европски шампион го запечати стрелецот на првиот гол Амири во 94. минута.

Во големото финале, Германија ќе се сретне со победникот од второто полуфинале помеѓу Шпанија и Франција.