Кардиф синоќа загуби во рамки на Чемпионшип од Нотингем Форест со 1-0, а по крајот на мечот фудбалерите на велскиот тим,  Калум Петересон и Леонардо Бакуна влегоа во физичка пресметка.

Прво си упатија неколку пцовки, а потоа Бакуна физички го нападна Петересон, но за среќа  соиграчите спречија поголем инцидент. Поради овој потег многу веројатно двајцата фудбалери ќе сносат последици.