Манчестер Јунајтед дојде до втората победа за време на подготовките во Австралија. Избраниците на Оле Гунар Солскјер славеа со 4:0 во островското дерби со Лидс.

Нашиот репрезентативец, Езгијан Алиоски не беше дел од тимот на Бијелса. Головите за Јунајтед ги постигнаа, Гринвуд, Рашфорд, Џонс и Марсијал од пенал.

Следен предизвик за „Ѓаволите“ е пријателскиот натпревар против Интер закажан за в сабота.