Маркус Рашфорд пред пет години дебитираше во сениорскиот дрес на Манчестер Јунајтед во дуелот со Митјуланд во Лига Европа.

Ван Гал му даде шанса, напаѓачот возврати со два гола, а потоа во првиот меч за него во Премиер лигата против Арсенал постигна повторно два гола.

Дебито за Англија го зачини со деби гол а истото го направи и во првиот меч за Јунајтед во Премиер лигата.

Досега одигра 253 натпревари за Јунајтед во сите конкуренции, постигна 85 голови и 51 асистенција.