Има и такви кои го заборавија некогаш големиот талент од Бразил, Габриел Барбоса но по ова вечерва 23 годишниот напаѓач одново е на насловните страници на еминентните спортски весници.

Фламенго ја совлада Ривер Плата со 2:1 во финалето на Копеа Либертадорс и потсети на легендарната титула на Манчестер Јунајтед во 1999 година во Лигата на шампионите на УЕФА.

Аргентинците поведоа во 14 минута со голот на Боре.

Пресвртот се случи во 89 и во 92 минута со двата гола Габриел Барбоса кој во 95 минута заработи црвен картон.