Светскиот рекет број еден ќе се бори за нова титула на Вимблдон, откако во полуфиналето против Денис Шаповалов славеше со 3:0 во сетови.

Шаповалов одигра одличен прв сет и дури имаше и водство од 3:1 гемови, но Ѓоковиќ ја покажа класата и се врати во 10-от гем со брејк, за потоа со 7:3 да слави во тај брејк.

Србинот до крајот направи уште два брејка, по еден во вториот и третиот сет и на крајот победи со 7:6, 7:5, 7:5.

Ѓоковиќ во финале ќе се бори против Матео Беретини, кој во полуфиналниот меч го совлада Хуберт Хуркач.