Серж Гнабри е првиот играч во историјата на Лигата на шампионите кој успеа да ги постигне првите шест гола во ова натпреварување против клубови од иста земја но и ист град, Челси и Тотенхем.

Против Челси сега има два, по овие вечерва во осминафиналето додека против Тотенхем има постигнато четири гола.

 

Воедно Гнабри нема постигнато гол во Лондон додека беше член на Арсенал до 2012 до 2014 година а одигра вкупно девет натпревари во главниот град на Англија.