Баерн Минхен со 7-2 го совлада Тотенхем во Лондон, херој кај шампионот од Германија беше Гнабри со четири голо, Левандовски постигна два  на натпреварот.

Тотенхем поведе со голот на Сон во 12 минута . Следуваше одговор на Баерн, шампионот на Германија израмни преку Кимих во 15 минута, Левандовски во 45 носи пресврт 1-2 по првиот дел.

Во второто  полувреме Гнабри постигна два гола едно по друго, Кејн намали од пенал на 4-2. Следуваа уште три гола, два на Габри и еден на Леванфдовски за убедлива победа на шампионот од Германија.

На останатите денешни средби, Галатасарај загуби од ПСЖ 0-1, стрелец на голот Мауро Икарди.

Манчестер Сити го скрши отпорот на  Динамо Загреб и запиша победа со 2-0. Аријан Адеми ги одигра сите 90 минути.

Јувентус славеше над Левекузен со 3-1, стрелци на головите, Игуаин, Бернардески и Роналдо стрелци на головите.  Локомотив Москва – Атлетико Мадрид 0-2.

Црвена Звезда го победи Олимпијакос со 3-1 во братското дерби во Белград иако тимот од Грција прв поведе.