Во македонската трета фудбалска лига денеска се одигра дуелот меѓу Зајас од Кичево и Љуботен од Тетово.

Средбата заврши со резултат 3-1 за екипата на Зајас, но единствениот гол на тетовчани ќе се прераскажува долго.

Дејан Савевски погоди од 60 метри, шутираше од сопствената половина и постигна ефектен гол за водство, но на крајот Љуботен беше поразен со 3-1.