Бока Јуниорс без Де Роси, Тевез, Салвио, стигна до победа против ЛДУ Кито со 3-0 на првиот четвртфинален меч во Копа Либертадорес.

Головите за Бока Јуниорс на гостински терен ги постигнаа, Рамон Абила,Рејносо и повторно Абила со малку помош на Каиседо во завршницата од акцијата.

Овој трет гол е супер интересен поради тоа што дојде по асистенција на голманот на Бока Јуниорс и е гол со едно додавање.