Досегашниот перфектен учинок во Лигата на шампионите, Ливерпул го потврди и во мечот против Порто, каде славеа со 2:0 и сега на коло пред крајот имаат максимални 15 бода.

Стрелци на головите за Ливерпул во оваа победа беа Тијаго Алкантара во 52-та и Мохамед Салах во 70-тата минута.

Посебно атрактивен беше погодокот на Тијаго Алкантара, една вистинска бомба од далечина, која не можеше да ја скроти голманот на Порто.

Погледнете го голот на Алкантара: