Јувентус со двата гола на Паоло Дибала во 77 и 79 минута стигна до пресврт против Локомотив Москва која не издржа во Торино иако водеше со 1-0 на 13 минути до крајот.

Миранчук го доведе тимот од Москва во водство во 30 минута. Паоло Дибала постигна прекрасен гол за израмнување во 77 минута,  Јувентус – Локомотив Москва 1-1.

Голот за водство и  победа за „старата дама“  Дибала го постигна во 79 минута. Јувентус со овие три бода има 7 и е на делба на првото место со Атлетико кој му го нанесе тертиот пораз на Леверкузен.