Ливерпул го победи Милан со 3-2 во дербито на колото, во меч со два пресврта. „Црвените“ поведоа со автоголот на Томори, но до крајот на полувреме Ребиќ и Дијас го донесоа Милан во водство од 2-1.

Тукушто почна вториот дел Салах израмни, а за победа се погрижи Хендерсон со фантастичен удар од врвот на шеснаесетникот.