Наполи запиша минимална но важна победа против Калјари на гости со 1-0, решавачки беше голот на Дрис Мертенс во 66 минута.

Мертенс одлично реагираше и со прекрасен удар го совлада голманот на Калјари, немоќен беше Крањо да спречи погодок за гостите.

Елиф Елмас беше стартер и одигра цел натпревар на Сардинија, беше еден од најдобрите поединци кај својата екипа. Наполи со новите три бода има 33, на табелата се наоѓа на осмата позиција. Калјари со 32 бода по денешната средба е на 11. место.