Лајпциг запиша нова победа во Бундеслигата, славеше против Шалке со 5-0 на гости.

Марсел Сабицер со гол уште во првата минута му донесе предност на Лајпциг и го отвори патот кон нова победа, голот е мало ремек дело на Австриецот.

На 2-0 зголеми Вернер во 61 минута, следуваа голови на Халштенберг во 68 , Анџелино во 81 и Форсбергво 89 минута за убедлива победа која е  девета на Лајпциг во Бунделсигата. Лајпциг се наоѓа на втората позиција со бод помалку од Берн Минхен по 23 одиграни средби.