Валенсија конечно победи по осум средби без триумф во Ла Лига, запиша победа на гости кај Валјадолид со голот на Солер во вториот дел.

Солер погоди во 76 минута на маестрален начин за четврта победа сезонава во Ла Лига и втора на гости.

Валенсија сега е на 13. позиција со 19 бодови, Валјадолид остана на 18 бода и во моментот е на 16 место.