Интер со прекрасниот гол на Ериксен во 97 минута го победи Милан и обезбеди полуфинале во Купот на Италија, иако Данецот беше пред заминување од Милано, сега Антонио Конте не сака да се откаже од неговите услуги.
Според последните информации од Италија, Конте е решен по овој гол на Ериксен да го задржи Данецот.
„Работиме со Ериксен, нашата желба е тој да биде замената за Брозовиќ, потребен ни е бидејќи немаме друг таков играч во тимот кој ќе одговори на барањата во нашата игра. Мислам дека овој гол ќе му ја врати самодовербата“, изјави Конте.
Comments are closed for this post.