Европскиот шампион, Ливерпул во првото полувреме против Салзбург во натпреварот од 2 коло од групата Е во Лигата на шампионите постигна три а прими еден гол.

Присутните на „Енфилд“ имаа можност да ги видат „црвените“ во полн ритам. Мане (9 мин), Робертсон (25 мин) и Салах (36 мин) ги постигнаа головите за домаќините додека Хе Чан намали на 3:1 во 39 минута.