Норвич и Челси го отворија 3 коло од Премиер лигата во традиционалниот саботен термин од 13:30. Четири гола беа постигнати во првото полувреме.

Челси поведе преку Абрахам во 3 минута а домаќинот израмни три минути подоца со голот на Кантвел.

 

Потоа на сцена стапи Маунт откако доби употреблива топка од Пулишиќ во 17 минута. На ова „канаринците“ одговорија со гол на Пуки во 30 минута.