Португалија запиша победа во Блеград против Србија со 4-2 на „Рајко Митиќ“, доминираше резултатски заслужено победи.

Карваљо и Гуедеш и донесоа предност на Португалија со 2-0 по 58 минути игра. Никола Миленковиќ намали на 1-2 во 68 минута.

Роналдо погоди за водство 1-3 во 80 минута  иако се домашните сметаа дека е тоа гол од офсајд. Срвија намали на 2-3 преку Митровиќ во 85 минута.

Конечните 2-4 ги постави  Бернардо Силва само една минута подоцна по голот на Србија.

Португалија има само два порази на последните 33 официјални меча, запиша 19 победи вкупно со оваа во Белград.

Во оваа Група -Б, води Украина со 13 бода од пет натпревари, Португалија е втора со 5 бода од три средби, Луксембург е трет, има 4 бода од исто толку натпревари како и Србија на четвртата позиција. Последна е репрезентацијата на Литванија со само еден бод.