Претпладнево беше одиграно првото коло од Германската Бундес Лига за сезоната 2021/22.

Отакако вчера, актуелниот шампион Баерн Минхен и Борусија Менхенгладбах ремизираа 1-1 на отворањето на новата сезона , денешниот ден  го одбележаа 5 натпревари во Бундес лигата во кои се истакна екипата на Штудгарт која со 5-1 го торпедираше тимот на Гројтер Фурт.

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов остана на клупата за резерви во првото коло , односно не доби шанса за настап и покрај добриот подготвителен период за Штутгарт.

Во останатите дуели беа постигнати следните резултати:

Арминија – Фрајбург 0-0

Аузбург- Хофенхајм 0-4

Унион Берлин – Леверкузен 1-1

Волфзбург – Бохум 1-0

Во 18.30 својот натпревар ќе го одиграат Дортмунд и Ајнтрахт Франкфурт.