Два регионални тв канали ќе вршат директен пренос од мечот на Ренова против Хајдук во рамки на второто квалификациско коло во Лигата на Европа.

Ренова соопшти вечерва дека натпреварот ќе биде пренесуван во живо на албанскиот канал „Супер спорт“, а пренос во живо ќе има и на регионалниот спортски канал „Арена“.

Мечот се игра в четврток на тренинг центарот на ФФМ „Петар Милошевски“ со почеток во 15.30 часот.

Победникот во третото коло ќе игра против подобриот од дуелот Локомотив Пловдив – Тотенхем.