Пред мечот од француската лига меѓу Монпеље и Бордо дојде до голема тепачка меѓу навивачите на клубовите.

Ле Паризиен пишува дека автобусот со навивачи на Бордо бил нападнат од околу 50 навивачи на Монпење на автопатот. Дошло до голема тепачка на хулиганите кои биле наоружани со палки и бакљи.

Полицијата по неколку минути успеала да ја смири ситуацијата.

На крајот повредени биле 16 навивачи, а натпреварот и покрај нередите беше одигран и заврши со резултат 3:3.