Фудбалерите на Рома доживеаја пораз од во голото римско дерби со Лацио од 3:2 во шестото коло од италијанското првенство, што беше втор пораз за Мурињо, каде досега има четири победи.

Во тој меч Николо Заниоло одигра 77 минути, по што своето место на теренот му го препушти на Карлес Перез.

Напуштајќи го теренот, тој направи крајно недоличен потег кон навивачите на Лацио, а според наводите на италијанските медиуми поради тоа ќе биде казнет.

Уште не се знае дали казната ќе биде парична или поради овој чин ќе биде суспендиран еден или повеќе натпревари.