Со голот на Ашраф Хакими ПСЖ синоќа успеа да дојде до три бода на гостувањето кај Мец, и тоа во 95-тата минута.

По голот настана општ хаос, бидејќи Килијан Мбапе дотрча до противничкиот голман Александре Укиџа и го провоцираше. Укиџа не остана должен и се стрча кон фудбалерите на ПСЖ, кои го славеа погодокот.

Реагираше Нејмар, кој го турна голманот на земја. Главниот судија му покажа само жолт картон на Бразилецот, но во француските медиуми се најавува построга казна за ѕвездата на парижаните.