Младиот Ансу Фати има само 16 години, игра за првиот тим на Барселона, го постигна  вториот гол во дресот на каталонците сезонава.

Барселона победи  со 5-2 против Валенсија, Фати го отвори натпреварот со гол по 120 секунди минути игра, потоа и асистираше на Де Јонг за 2-0 во 7 минута.

Каталонците продолжија да го полнат голот на Валенсија која успеа да намали на 2-1 преку Гамеиро, но следуваа головите на Пике и два на Суарез за „петарда“ во мрежата на гостите.

Конечниот резултат го постави Гомез во 90 минута.