Вчера во Кристијансунд беше одиграно дербито на 28-то коло на норвешката прва лига, во кое истоимениот домаќин со 3:2 беше поразен од Викинг.

Тимот на Викинг до пресврт дојде со голови во 88-та минута и во третата минута од судиското продолжение.

Освен доцниот гол, во судиското продолжение беше виден и бизарен инцидент. Откако падна голот дојде до физичка пресметка меѓу голманот на Викинг, Патрик Гунарсон и 22 годишниот словенски стопер, неговиот соиграч Давид Брекало.

Словенецот два пати го буткаше својот колега, а судијата за тоа му покажа црвен картон во 5-тата минута од судиското продолжение.

Брекало го бутна, но во пределот на градите, а Гунарсон се фати за лице. Сепак, одлуката остана иста затоа што не беше прегледана на ВАР, туку во емисијата по мечот.