Голманот на турски Кајсери, Лунг го направи еден од најбизарните киксови оваа сезона на европските терени. При резултат од 3-0 за Јени Малатиаспор во рамки на турското првенство, Лунг по една вратена топка од својот дефанзивец ја промарши и таа заврши зад неговиот грб.

Кајсери оваа сезона се наоѓа на фенерџиското место во Турската Прва Лига, па и до некаде ваквите голови го отсликуваат нивниот квалитет во моментот.