Кар Јохан Јохнсон беше најдобриот поединец во составот на Копенхаген во поразот во четвртфиналето од Лига Европа од Манчестер Јунајтед од 1:0.

Јохнсон забележа 13 одбрани и беше основната причина поради која немаше голови во регуларниот дел.

Со ова Јохнсон стана првиот голман во историјата на Лига Европа со 13 одбрани на еден натпревар.

Ова беше доволно за островските медиуми да направат споредба со учинокот на Кепа Аризабалага на голот на Челси, Шпанецот има 13 одбрани на последните осум натпревари, што е уште еден факт кој покажува зошто Лампард е во потрага по нов голман.