Екипата на Сарбрикен, која е дел од четвртата германска лига, вчера ја совлада Фортуна во четврт-финалето на Купот на Германија. Со тоа Сарбрикен стана првиот четвртолигаш што обезбеди полуфинале во историјата на германскиот Куп.

Главниот виновник за овој успех е голманот на Сарбрикен, Даниел Бац, кој одбрани дури 5 пенали на оваа средба – еден во регуларното време и четири во пенал-рулетот. Со тоа влезе во историјата на Купот на Германија, како прв голман што одбрани четири удари во серијата пенали.