Македонија ЃП го победи Силекс со 3-0 во Кратово, прволигашот од Ѓорче Петров дојде во водство во 53 минута преку Фернандињо од слободен удар по несмасна интервенција на репрезентативниот голман Даниел Божиновски.

Гостите го зголемија водство преку Филиповски во 75 минута, а конечните 3-0 ги постави Калид во самиот финиш од натпреварот.

Првиот гол е дело на Фернандо Аугусто Родригез Фернандињо , но впечатливо беше дека голманот на Силекс, Даниел Божиновски „не ја виде топката“…