Голманот на екипата на Еурофарм Пелистер, Благојче Трајкоски бранеше одлично во Данска на средбата со ГОГ Гудме, една негова одбрана влезе во ТОП 5 најубави на колото во Европа лигата.

Трајковски мечот го заврши со 11 одбрани во Данска, Еурофарм Пелистер за жал загуби со 30-29, но голманот на битолчани со индивидуално признание.