Енис Барди со гол слободен удар  учествуваше во победата на Леванте на гости кај Валјадолид со 4-2, натпревар  од Купот на Кралот, македонскиот репрезентативец  постигна прекрасен погодок од слободен удар.

Статистиката покажа дека од пристигнување на Барди во Ла Лига, само Лионел Меси има постигнато повеќе голови од слободен удар од македонскиот репрезентативец.