Рома запиша минимална победа на гостување кај Лече и со ова ја задржи предноста од еден бод во однос на градскиот ривал Лацио на табелата во Серија А.

Един Џеко во за него вообичаен стил со глава го матираше Габриел во 56 минута за важни три бода на екипата на Рома.

Александар Коларов не реализираше пенал во 80 минута и пропушти шанса за да ја потврди победата на „волчицата“ која мораше да биде внимателна до крајот на дуелот.