Јувентус со триумф ја започна одбраната на титулата во Серија откако славеше на гостувањето кај Парма со 0:1.

Единствениот гол на мечот го постигна Киелини во 21 минута.

За деби до најсилната лига во Италија во црно-белиот дрес ќе почека рекордното засилување за „старата дама“ ова лето Матијс Де Лихт кој заедно со Дибала и Манџучиќ денеска не добија ниту една минута против „млекарите“.