Специја и Јувентус играат 1-1 по првиот дел, натпревар од 5. коло во Серија А.

Јувентус поведе со голот на Моисе Кин во 28 минута, прецизен удар надвор од шеснаесетникот. И покрај иницијативата на „старата дама“, Специја израмни со спектакуларниот гол на Гјаси во 33 минута, голчиште на досегашниот тек на сезоната.