Селекцијата на Брегот на слоновата коска се пласираше во четвртфиналето на овогодинешното издание на Африканскиот Куп на Нации.

Во осминафиналето БСК беше подобра од Мали со 1:0. Единствениот гол на мечот го постигна напаѓачот на Кристал Палас, Вилфред Заха во 76 минута.

Во четвртфиналето Брегот на слоновата коска ќе игра против Алжир кој во осминафиналето беше подобар од Гвинеја со 3:0.