Баерн Минхен го победи Милан со 1:0 на пријателскито натпревар кој се играше во рамките на „Интернационалниот куп на шампиони“ во САД.
Единствениот гол на мечот го постигна Горецка пред самиот крај на првото полувреме. За одбележување е дебито во дресот на Милан на синот на Паоло Малдини, Даниел Малдини кој доби шанса во почетниот состав а потоа беше заменет од Куртоне во 58 минута.
За Баерн Минхен ова беше втора победа на овој турнир во третиот натпревар, за Милан пак прв контролен дуел во подготвителниот период.
Comments are closed for this post.