Германскиот репрезентативец, Леон Горецка и официјално го продолжи договорот со Баерн Минхен.

Играчот од редот за врска стави потпис на нова соработка со важност до јуни 2026 година, и со ова е ставен крај на шпекулациите дека во следниот летен преоден рок ќе се пресели во Премиер лигата.

Горецка е еден од најдобрите поединци во овој состав на „Баварците“.