Фудбалерите на Челси го доживеаа четвртиот пораз во последните пет натпревари во рамки на Премиер лигата. „Сините“ на „Стемфорд Бриџ“ беа изненадени од Борнмут со 0-1, а решавачкиот гол за гостите го постигна Гослинд во 84 минута. При овој погодок беше користена ВАР технологијата која потврди дека фудбалерот на Борнмут не се наоѓал во офсајд, иако првично такви индиции имаше.

Покрај, Челси, киксираше и Лестер кој по 8 меча на кои ги освојуваше трите бода, конечно киксираше и тоа против Норич со 1-1. Двата погодоци беа видени во првото полувреме.Гостите преку Пуки стигнаа во водство, додека Лестер до израмнување стигнаа по автоголот на гостинскиот голман и некогашен репрезентативец на Холандија, Крул.

Со овој кикс, Ливерпул ја зголеми предноста во однос на Лестер на 10.поени по 17.кола во англиската Премиер лига.