Манчестер Сити тотално го надигра Евертон во седмото коло од Премиер лигата.

Избраниците на Пеп Гвардиола славеа победа од 3:1 и со ова ја задржија разликата од минус пет бода во однос на лидерот Ливерпул кој денеска минимално славеше против Шефилд Јунајтед.

Габрие Жезуз го отвори резултатот во 24 минута, Калверт Левин израмни во 33 минута.

Во второто полувреме, Марез му ја врати предноста на гостинот со гол во 71 минута а конечните 3:1 за Сити ги постави Рахим Стерлинг во 84 минута.

Во следното коло Сити ќе го пречека Вулверхемптон а Ливерпул е домаќин на Лестер.