Џенова со победа против Кротоне 4-1, ја започна новата сезона во Серија А, Горан Пандев неверојатен, со гол учествуваше во првата победа за својот тим.

Пандев  погоди за 2-0 во 10 минута, претходно во листата на стрелците се запиша Дестро, потоа следуваа головите на Запакоста и Пјаца, за Кротоне кој се врати во фудбалкста елита голот е дело на Ривиере.

Капитенот на македонската репрезентација играше од првата па се до 68 минута, на неговов место во игра влезе Пјаца.