Навивачите на Баерн на средбата од 25. коло на Бундеслигата со екипата на Аусбург подготвија грандиозен перформанс по повод 120-годишницата на клубот.

„Алијанс Арената“ беше обоена во црвено-бели бои. На централната трибина стоеше огромна бројка 120, а зад голот беше направено логото на Баерн.

Сето тоа се одвиваше проследено со песната на Тина Тарнер The Best.