Шалке го заврши својот настап во Купот на Германија откако беше елиминин во 1/16 финалето од Минхен 1860 со 1:0.

Македонскиот репрезентативец, Чурлинов направи грешка по што третолигашот успеа тоа да го искористи и да го казни со гол. Чурлинов беше повлечен од игра на 20 минути до крајот на мечот.

На останатите три натпревари немаше изненадувања до победа дојдоа Лајпциг, Хофенхајм и Херта.