Умар Садик за помалку од една недела успеа повторно да биде клучен играч на Партизан.

По двата гола против Раднички во српското првенство, напаѓачот денеска ги постигна двата гола во триумфот на Партизан на гостувањето кај Астана во 2 коло од групната фаза во Лига Европа.

Со оваа победа, црно-белите од Белград се искачија на првото место на табелата во групата Л во очекување на резултатот од мечот на Аз Алкмар и Манчестер Јунајтед.

Во следното коло Партизан во Белград ќе го пречека Манчестер Јунајтед.