Фудбалската репрезентација на Грузија ќе и биде противник на Македонија во случај нашата селекција денеска да слави против Косово во полуфиналето од Лигата на нации на УЕФА.

Грузија победи со 1:0 со голот на Окриашвили од пенал во 7 минута. Ова се покажа како доволно за да се радуваат против Белорусија во Тбилиси.

Севкупно земено, домаќинот доминираше, имаше повеќе шанси за гол а гостинот не успеа ниту еднаш да го загрози голманот на Грузија, Лориа.

Грузија во финалето за пласман на ЕП ќе игра на домашен терен.