Реал Мадрид освои бод од дуелот со Валјадолид во 2 коло од новата сезона во Ла Лига. Зидан одлучи да започне со Бејл и Хамес, играчите кои се пред заминување од Мадрид па откако немаше ефект, во второто полувреме ги внесе и Јовиќ, Лукас и Виничиус.

Бензезема најде начин да ја матира гостинската одбрана во 82 минута по асистенцијата на Варан но радоста на „кралевите“ кратко траеше.

Валјадолид преку Гвардиола во 88 минута израмни на 1:1, резултат кој остана до крајот на мечот.

Зидан остана збунет по крајот на натпреварот во кој „кралевите“ доминираа но мораа да се помират само се еден бод.