Борусија Дортмунд го совлада Шалке со 4:0 во дербито на 26 коло од Бундес лигата, рестартот на фудбалерот во Германија донесе надеж дека елитниот спорт во Европа наскоро ќе се врати во некаква нормала.

Без навивачи на трибините, но со расположени Халанд (стрелецот на првиот гол по корона-кризната), Гуереро и Азар, „Милионерите“ без поголеми проблеми го совладаа Шалке.

 

Со ова ја продолжија низата победи во Бундес лигата и дојдоа на еден бод до Баерн Минхен кој утре ќе му гостува на Унион Берлин.